Нашите најдобри ракометари ја прегазија Литванија со 26-17 во преполниот СЦ „Јане Сандански“ и очекувано обезбедија место на Европското првенство во 2026 година.
Иако започнавме лошо, во продолжението влеговме во победнички ритам и на крајот доминатно го завршивме мечот. Македонија на тој начин заедно со лидерот во групата, Словенија, си обезбеди место на уште едно големо меѓународно натпреварување.
Во нашите редови се истакнаа Кузмановски и Серафимов со 5 голови додека голманот Томовски забележа 10 интервенции.

