Нашите најдобри ракометари имаа успешен старт на подготовките за Светското првенство кон средината на јануари.
Тие денеска на Маврово славеа на контролниот меч против Црна Гора со 38 спрема 33. Дејан Манасков постигна 10 голови додека Гоце Георгиевски, Талески и Ѓорѓиев постигнаа по пет. Во нашиот табор ги немаше Никола Митревски, Давид Ставревски, Александар Петковски, Петар Атанасијевиќ и Филип Кузмановски.
Двете селекции на истата локација ќе одиграат уште еден контролен меч од затворен карактер.