Македонската ракометна експедиција денеска замина за Германија на Европскиот шампионат.
Таму во групата „А“ на 10 јануари ќе отвориме со Франција а потоа ќе играме против домаќинот на 14-ти и со селекцијата на Швајцарија (16 јануари).
На пат за Диселдорф заминаа Никола Митревски (капитен),Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Никола Маркоски, Жарко Пешевски,Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев и Игор Ѓорѓиев.