Денеска од 17.00 часот ќе биде извршена ждрепката за групната фаза за Европското првенство во ракомет за жени. Нашата селекција која ќе биде домаќин заедно со Црна Гора и Словенија ќе биде во третиот по квалитет сад.
Од првиот ќе бидат извлечени фаворитите: Норвешка, Франција, Данска и Холандија. Од вториот Црна Гора (Д група), Шведска, Унгарија (А група) и Полска. Во третиот сад покрај Македонија која ќе биде домаќин на групата „Ц“, ќе фигурираат и Словенија (Б група), Хрватска, и Германија.
Во последниот дел од составувањето на групите за континенталниот собир ќе ги видиме сeлекциите на Шпанија, Романија, Србија и Швајцарија