Селекциите на Литванија, Азербејџан и Шпанија, ќе и бидат противници на нашата женската ракометна репрезентација во 5-та квалификациска група за место на ЕП во 2024 година.
Воведните мечеви ќе бидат во октомври а завршните догодина во април. Виза за Европското ќе обезбедат првите две од осумте квалификациски групи како и најдобрите четири што ќе завршат на третото место.
Познато е дека ЕВРО 2024 ќе се одржи во Швајцарија, Австрија и Унгарија.