Ракометната федерација на Македонија одлучи да има шест вонредни кола до крајот на сезоната и истата да заврши една недела пред првично планираното или во терминот 24/25 мај.
Измените во распоредот се направени поради одложените мечеви додека трае седумдневната жалост по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица а преку 140 беа повредени.
До крајот на сезоната треба да биде одиграно последното коло од регуларниот дел и групната фаза во плеј-оф и плеј-аут. Секако, тука ќе бидат и мечевите во завршницата на Купот и настапите на ракометарките во ЕХФ неделата.

