Ралф Хазенхутел ќе го преземе кормилото на Саутемптон. Поранешниот тренер на Лајпциг се договорил со тимот од „Сен Мери“ и набрзо треба да потпише договорот за две и половина години кој ќе биде валиден до летото во 2021-та, објави – „Скај Спорт“.
Тој ќе го замени Марк Хјуз, кој беше отпуштен откако „светците“ се спуштија под црвената линија во Премиер лигата со само 9 освоени бодови.
Тренерот од Австрија денеска треба да пристигне во Англија и да го проследи мечот на „Вембли“ меѓу неговиот нов состав и екипата на Тотенхем.