Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ралф Рангник е нов селектор на репрезентацијата на Австрија
    Фудбал

    Ралф Рангник е нов селектор на репрезентацијата на Австрија

    risteBy riste29/04/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник е назначен за селектор на австриската репрезентација, објави официјалниот сајт на Австрискиот фудбалски сојуз.

    Рангник ќе ја преземе својата нова позиција на крајот на мај 2022 година. Договорот на Ралф со австриската репрезентација е на две години, но доколку тимот ги мине квалификациите за ЕП 2024, тогаш соработката автоматски ќе биде продолжена за уште две години.

    „Многу сме задоволни што успеавме да го доведеме Ралф Рангник, извонреден стручњак во областа на меѓународниот фудбал, за селектор на австриската репрезентација. Сите сме убедени дека тој е идеалниот кандидат и дека неговата визија за фудбалот ќе придонесе за развојот на репрезентацијата“, изјавија Герхард Милетих, претседател на Фудбалскиот сојуз на Австрија.

    Ќе потсетиме, сега Ралф Рангник го предводи Манчестер Јунајтед привремено. 63-годишниот германски стручњак го презеде англискиот тим на 3 декември 2021 година. На крајот од сезоната ќе заземе една од позициите во структурата на Манчестер Јунајтед. Претходно беше објавено дека германскиот стручњак ќе може да комбинира две работни места, бидејќи Рангник ќе треба да ги извршува обврските во Манчестер Јунајтед само шест дена месечно.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.