Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос е се поблизу до слободен трансфер во ПСЖ. Братот кој е личен агент на 35-годишниот дефанзивец – Рене Рамос, моментално е во Париз за да го финализира трансферот.
Според францускиот печат, преговорите се движат во насока што ја бараат двете страни, но главната тема, должината на договорот допрва треба да се постигне. Рамос сака двегодишен договор, но многу е можно втората сезона да зависи од исполнување на одредени услови во првата.
Платата на Рамос во ПСЖ ќе биде нешто пониска од платата на „Сантијаго Бернабеу“, за да не се наруши структурата на платите на францускиот клуб. Највисоки плати во ПСЖ се на суперsвездите Нејмар и Килијан Мбапе.
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се поврзани исто така со Серхио Рамос, но ПСЖ изгледа најблиску до неговиот потпис.

