Фудбалскиот тим на Реал Мадрид преку соопштение на својата веб-страница ја информираше јавноста дека капитенот Серхио Рамос е позитивен на коронавирусот.
Дефанзивецот поради повреда не е дел од тренинзите на фудбалерите, но, постојано е со нив за време на натпреварите. Веста доаѓа пред реваншот со Ливерпул во Лигата на шампионите. Првиот меч го добија Шпанците со 3 спрема 1.
Серхио Рамос не се знае дали ќе остане во клубот бидејќи не добил понуда за нов договор.