Легендарниот дефанзивец на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Серхио Рамос, најверојатно ќе се определи да си замине од клубот бидејќи првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, нема намера да му понуди нов побогат договор од финансиски аспект.
Дефанзивецот кој е член на „кралевите“ од 2005 година и освои многу трофеи, има тековна соработка со „белите“ до јуни во 2021 година.
Медиумите предвидуваат дека Рамос доколку го напушти „Сантијаго Бернабе“, може да се упати во екипата на Мајами која е во сопственост на Дејвид Бекам.