Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, чиј договор истекува на крајот на месецот, сепак може да остане во тимот.
Според „АС“, 35-годишниот фудбалер имал состанок со претседателот на клубот, Флорентино Перез , по што од Реал Мадрид изразиле подготвеност да му дадат уште еден предлог за нов договор.
Кај Реал Мадрид постои расположение да го продолжи договорот со Рамос, и покрај сите потешкотии во преговорите, а се должи на фактот што неговиот одбранбен партнер Рафаел Варан нема намера да го продолжи договорот, кој е со важност до летото 2022 година, и може да биде продаден веќе во овој преоден рок.
Да потсетиме, Реал му понуди на Рамос да го продолжи договорот на една година, а играчот сакаше на две. Серхио исто така не сакаше да оди на намалување на платата. Беше соопштено дека Шпанецот сепак изразил подготвеност да го продолжи договорот според условите на клубот.

