Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е на прелиминарниот список за олимпискиот тим на Шпанија во 2020. Во проширениот состав има четворица играчи на Барселона.
На овој список е неговиот колега од репрезентацијата на Шпанија, Жерард Пике, како и Серхио Бускетс, Серги Роберто и младиот Ансу Фати. Рамос има амбиција ова лето да оди на Олимпијада и да го пропушти одморот, затоа што го очекува и настап на европско фудбалско првенство.
Последниот натпревар на првенството е точно 10 дена пред почетокот на олимпискиот турнир. Шпанската федерација се очекува денес да го објави конечниот список на играчи за натпреварите во Токио.
Дел од Олимпискиот фудбалски турнир се селкециите на Јапонија, Германија, Романија, Франција, Нов Зеланд, Египет, Брегот на Слоновата Коска, Јужна Африка, Австралија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Аргентина и Бразил.