Капитенот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој се повреди на гостувањето кај Еспањол и мораше да го напушти теренот уште во првиот дел, нема посериозна повреда на коленото, потврдија луѓето од „Сантијаго Бернабе“.
Искусниот дефанзивец во текот на денов ќе оди на дополнителни лекарски прегледи кои треба да ја потврдат првичната проценка на лекарскиот тим на „кралевите“.
Се претпоставува дека тренерот Солари ќе му даде одмор на капитенот и нема да го вклучи за куп натпреварот со Џирона, но, ќе го има в предвид за средбата со Алавес во Примера и против Ајакс во Лигата на шампионите.