Шпанскиот фудбалски дефанзивец, Серхио Рамос, може да ја продолжи кариерата во Египет во екипата на Замалек, најавија дел од медиумите.
38-годишниот ветеран во летото во 2023 година се врати во Севилја како слободен играч. Минатата сезона имаше 37 натпревари за андалузијците на кои постигна седум голови и направи една асистенција.
Рамос кој е некогашен фудбалер на репрезентацијата на Шпанија, настапуваше и за Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

