Адвокат од Египет поднесе тужба против Серхио Рамос од 1 милијарда евра бидејќи го повреди Мохамед Салах во финалето во Лигата на шампионите.Тој го обвинил Шпанецот дека намерно го повредил противникот и со тоа и нанел физичка и психолошка повреда на целата египетска нација.
„Поднесов тужба до ФИФА. Ќе барам компензација, која може да биде и повисока од 1 милијарда евра за физичката и психичката траума што Рамос му ја нанесе на Салах и на цел Египет“, вели адвокатот.
Ќе потсетиме дека и навивачите покренаа он-лајн петиција барајќи Рамос да биде суспендиран. Според информациите досега на истата се потпишале повеќе од 300.000 фанови.