Едно од големите засилувања на ПСЖ ова лето, шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос не дебитираше на пријателскиот натпревар против Севиља. Тренерот Маурицио Почетино не го стваи во составот на својот тим за оваа средба, а причината е превентивна.
Дефанзивецот, кој во текот на летово дојде како големо засилување од Реал Мадрид, не работеше на тренинзите во последните денови поради болка во мускулот. Сепак, Рамос треба да биде подготвен за предизвиците кои следат на почетокот на август.
ПСЖ првиот официјален меч во новата сезона ќе го одигра в недела против Лил во Суперкупот на Франција. Новата сезона во Лига 1 ќе стартува на 7 август a „светците“ во првото коло ќе играат со Троја. Покрај Рамос, вицешампионот на Франција ова лето се засили и со Донарума, Вајналдум и Хакими.