Англискиот фудбалски состав Манчестер Јунајтед не стапил во контакт со дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
Бидејќи договорот на 34-годишниот ветеран истекува во текот на летото, многу екипи се обидуваат да го обезбедат неговиот потпис. Последниве денови се појавија информации дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го привлече одличниот стопер на „Олд Трафорд“.
Клубот планира да ја засили одбраната а тренерот, Оле Гунар Солскјер, како идеално решение за тоа го гледа токму играчот на „кралевите“.

