Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос не планира да го напушти Пари Сен Жермен во текот на летото, пренесува радио Монте Карло, повикувајќи се на изјава на неговите роднини.
Според изворот, Серхио сака да покаже дека се уште е способен да освојува трофеи и тоа сака да го направи со францускиот великан. Светскиот шампион од 2010 година со Шпанија има само 4 натпревари за ПСЖ во Лига 1, и еден гол во сезоната. Тој е на болничката листа во ПСЖ од крајот на јануари по новата повреда на десната потколеница.