Шпанскиот фудбалер, Серхио Рамос, кој влезе во трениг процес со ПСЖ, изјави дека Нејмар го убедил да се пресели во редовите на францускиот состав.
„Со Нејмар контактираме шест-седум години иако тој играше за Барса а јас за Реал. Истото се однесува и за Ди Марија и Кејлор Навас со кои останавме пријателиоткако си заминаа од Реал“ – вели дефанзивецот.
„Искрено, Нејмар ме убеди да дојдам тука. Воедно, Леонардо и Ал Келаифи ме запознаа дека имаат фантастичен проект“ – изјави долгогодишниот капитен на „кралевите“ кој сега ќе биде во ѕвездениот тим на ПСЖ.