Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино потврди дека дефанзивецот Серхио Рамос нема да игра на реваншот против Реал Мадрид во 1/8-финалето на Лигата на шампионите. Рамос, кој оваа сезона едвај играше за ПСЖ поради различни здравствени проблеми, е легенда на Реал Мадрид и со тимот ќе отпатува во шпанската престолнина.
„Серхио побара да отпатува со нас. Тој практично целата своја кариера ја помина во Реал Мадрид, таму освои толку многу. Јасно е дека би сакал да се врати и побара од нас да патува со нас и да го следи натпреварот во живо. Како и други колеги кои нема да учествуваат на натпреварот. Важно е да бидеме обединети во ваков клучен момент“, изјави Покетино.
Реваншот во Мадрид е в среда, а Реал Мадрид ќе мора да оди на задолжителна победа со барем еден гол, бидејќи првиот меч го загубија со 0:1 по голот на Килијан Мбапе во последните секунди од дополнителното време.