Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, направи изненадувачки потег откако за гостувањето во Русија кај ЦСКА Москва во второто коло во Лигата на шампионите, го изостави од тимот Серхи Рамос.
„Тој одигра повеќе минути од било кој друг играч и одлуката е само моја. Претходно го направив тоа и со Тони Крос. Рамос ќе ми биде благодарен бидејќи има и одредени проблеми со задната ложа“ – вели Лопетеги.
Познато е дека „кралевите“ останаа без услугите на Иско кој ќе оди на операција додека на полесни повреди се жалат Марсело и Герет Бејл.