По неуспешните преговори со Васко де Гама, шпанскиот ветеран Серхио Рамос не успеа да се договори ниту со екипата на Ботафого. Шпанските медиуми пишуваат дека 38-годишниот дефанзивец кој е слободен играч ја одбил понудата на бразилскиот клуб.
Рамос е без клуб по заминувањето од Севиља на крајот од минатата сезона. Во овие неколку недели бил во преговори со два бразилски гиганти, но очигледно барањата за висока плата не успеаја да донесат договор. Искусниот стопер најголемиот дел од кариерата го мина во Реал Мадрид.

