Раководството на фудбалскиот состав, Севилја, размислува дали да му го продолжи договорот на 37-годишниот дефанзивец, Серхио Рамос, наведуваат неколку медиуми на Пиринеите.
Искусниот стопер кој има тековна соработка до крајот на сезонава, изрази желба да ја продолжи кариерата во клубот од Андалузија. Рамос се активираше во Севилја во септември во изминатата година како слободен играч. Досега учествуваше на 22 натпревари во сите конкуренции.
Тој иако е класичен дефанзивец, успеа д постигне пет голови и да направи една асистенција. Неговата вредност на трансфер-пазарот е околу 5 милиони фунти.