Иако има понуда од Саудиска Арабија, Серхио Рамос најверојатно ќе остане и следната сезона во дресот на француски ПСЖ. Според француски „Л’Екип“, Рамос е во напредни преговори со ПСЖ и доколку нема непредвидени ситуации, Рамос ќе остане во ПСЖ и следната сезона.
Според информациите, агентот на Серхио Рамос се надева на нов договор за да може престојот во Париз да продолжи и по оваа сезона. Во ПСЖ се расположени да му понудат нова едногодишна соработка, која веројатно ќе се случи во скоро време.