Главниот стопер во редовите на Реал Мадрид, Серхио Рамос, вчера го постигна 15-от гол во Лигата на фудбалските шампиони со што се изедначи со играчот на Барселона, Жерард Пике, кога станува збор за најефикасните дефанзивци.
Капитенот на „кралевите“ кој го одигра само вториот меч откако се оправи од повредата, вчера против Аталанта погоди од пенал во 60-та минута со што го потврди пласманот на неговиот тим во наредната фаза.
Пред Рамос и Пике како лидер на листата останува левиот бек, Роберто Карлос, кој има 16 голови во Лигата на шампионите. Ќе потсетиме дека Бразилецот во минатото настапуваше токму со Серхио Рамос во редовите на шпанскиот состав.

