Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос реагираше на одлуката на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Герет Бејл да стави крај на својата играчка кариера.
„Герет, бев многу среќен што споделив толку многу убави моменти со тебе…
Во кариерата освоивте неверојатен број титули, постигнавте многу голови и оставивте многу спомени. Ти посакувам се најдобро во новата животна фаза“, напиша Рамос на една од своите социјални мрежи.
Последен клуб во кариерата на Бејл беше Лос Анџелес. Претходно, фудбалерот настапуваше за Саутемптон, Тотенхем и Реал Мадрид. Како дел од шпанскиот клуб, Бејл пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите на УЕФА.