Искусниот дефанзивен фудбалер, Серхио Рамос, потенцира дека неговото исклучување на вчерашниот меч на Пари Сен Жермен ќе го направи подобар играч.
35-годишниот Шпанец за само 4 минути доби два жолти картона на дуелот со Лориен и ги остави соиграчите на цедило. На крајот, „светците“ успеаја да изедначат и да се спасат од пораз.
„Денеска е уште една можност за учење, утре ќе имаме шанса да се подобриме. Секогаш одиме напред!“, напиша Рамос на профилот на социјалната мрежа – „Твитер“.

