Капитенот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Серхио Рамос, имаше само пофални зборови за неговиот тренер Зинедин Зидан, откако „кралевите“ на едно коло пред крајот на Примера Дивизион успеаа и математички гледано да ја обезбедат шампионската титула.
„Зидан е клучот за нашиот успех, затоа сите веруваме во неговата работа. Навистина е уникатен, се што ќе допре, се претвора во злато“ – изјавил дефанзивецот на „белите“.
Реал Мадрид со вчерашната победа против Вилјареал направи недостижна предност во однос на големиот ривал Барселона со што практично ќе го прослави 34-от трофеј гледано во историјата.