Голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл нема трпение да седи на клупата за резерви, па најверојатно во јануари ќе побара трансфер во друг клуб, пишува англиски „Дејли Меил“.
Според изворот, Челзи ќе направи обид да го ангажира Рамсдејл во зимскиот преоден рок. Шефовите на Челзи не се задоволни од лошата форма на нивниот главен голман Роберт Санчез. Се истакнува дека на одлуката на Рамсдејл може да влијае и неучеството на Челзи во Лигата на шампионите оваа сезона.
25-годишниот англиски голман го загуби местото во стартниот состав на „топчиите“ на почетокот на сезоната. Рамсдејл има пет настапи во сите натпреварувања за Арсенал оваа сезона, во кои прими пет гола.