Играчот за врска на Јувентус, Арон Рамзи, одбил неколку понуди во текот на летото, бидејќи сакал да остане во Торино.
Клубот сакаше да се раздели со него и бараше купувачи, а неколку тимови од Англија покажаа интерес, но играчот ги одбил овие опции. 30-годишниот Рамзи има договор со Јувентус уште две години. Тој сака да се бори за стартно место во тимот на Масимилијано Алегри и затоа неговиот агент ги одби сите понуди летото.
Репрезентативецот на Велс започна како стартер во првиот натпревар на „бјанконерите“ оваа сезона против Удинезе (2:2). После тоа, сепак, тој доби уште една повреда и паузираше во второто коло.