Фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на Велс Арон Рамзи ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Република Ирска кој се игра утре во Даблин.
Играчот од средниот ред на Арсенал го напуштил кампот на Велшаните од семејни причини, а веднаш бил заменет со младинскиот репрезентативец Даниел Џејмс од Свонси.
Отсуството на Арон Рамзи е уште еден удар за селекторот Рајан Гигс, кој нема да може да се смета и на другата ѕвезда Герет Бејл.