Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, потенцира дека голманот, Давид де Геа има големо значење за тимот. Тој го според Шпанецот со голманот на Баерн, Мануел Нојер, со кого работеше во Шалке.
„Мислам дека двајцата се меѓу петте најдобри голмани во светот. Можеби дури и во првите три. Двајцата се во фантастична форма и одлично ги контролираат работите во шеснаесетникот“ – вели Рангник.
„Де Геа е еден од најдобрите голмани во светот, ако не и најдобар, многу ни значи што го имаме во нашиот тим“ – изјави тренерот на „црвените ѓаволи“ за официјалниот сајт на англискиот состав.