Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, вели дека екипата го има потребниот квалитет за големи резултати и дека нема потреба да се прави ремонт во текот на летото.
„Мислам дека на тимот не му требаат поголеми корекции. Генерално, развојот на тимот и нашите перформанси се подобрија во последниве неколку недели“ – вели Рангник.
„Џеси Лингард и Единсон Кавани се на располагање и ќе бидат во групата за утрешниот натпревар. Двајцата се врвни професионалци“ – потенцираше Рангник пред утрешниот меч кај Барнли во рамките на Премиер-лигата.