Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани размислуваше да го напушти клубот за време на зимскиот преоден рок, но уругвајскиот фудбалер реши да остане до крајот на сезоната откако разговараше со главниот тренер Ралф Рангник.
Сепак како што стојата работите и покрај убедувањата од страна на Рангник, 35-годишниот Кавани ќе се одлучи да го напушти тимот во летото 2022 година кога ќе му истече договорот. Напаѓачот сака да испроба нови искуства и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во шпанската Ла Лига.
Кавани оваа сезона постигна два гола и имаше асистенција на 11 натпревари во Премиер лигата.