Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, изјави дека ќе разговара за иднината на Кристијано Роналдо во тимот со новиот менаџер Ерик тен Хаг и бордот на клубот.
Договорот на португалскиот напаѓач со клубот истекува на крајот на следната сезона. 37-годишниот фудбалер оваа сезона постигна 17 гола на 28 првенствени натпревари, вклучувајќи го и израмнувачкиот гол против Челзи синоќа. Само Мохамед Салах има постигнато повеќе од Роналдо.
„Ова е нешто за што треба да го разговараме со Ерик и одборот“, рече Рангник.
„Кристијано има уште една година договор. Важно е да каже што сака и дали сака да остане“, додаде Германецот.