Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, ќе се обиде да го убеди Пол Погба да остане кај „црвените ѓаволи“ и да го продолжи договорот кој му истекува за пет месеци.
Според „The Sun“, Французинот во исто време бил импресиониран од работата на Германецот и најавил дека може да остане. Играчот од средниот ред се уште се опоравува од повредата здобиена во ноември.
Францускиот репрезентативец влегува во радарот на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен кои најавија дека ќе испратат понуди да го ангажираат.