Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, откри дека им предложил на челниците да се обидат да купат шест фудбалери помеѓу кои бил и Ерлинг Халанд.
Норвешкиот голегетер во текот на летото ја напушти Борусија Дортмунд и се пресели во Манчестер Сити. Тој во досегашниот дел од сезоната постигна 17 погодоци во Премиерлигата.
„Дискутиравме за играчи како Јошко Гвардиол и Кристофер Нкунку. Тука беа и Алваро Мората, Луис Диаз, Душан Влаховиќ и Ерлинг Халанд, кој тогаш се уште беше на трансфер пазарот. Клубот одлучи дека ќе прави реконстукција кога ќе биде поставен новиот тренер“ – изјави Рангник.