Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник ги демантираше наводите дека напаѓачот Маркус Рашфорд не се чувствува добро поради малата минутажа која ја добива. Рашфорд минатата сезона постигна 21 гол во сите натпреварувања, но оваа сезона постигна само пет гола, откако го оперираше своето рамо во октомври.
„Мислам дека немаше доволно време“, рече Рангник. „Тој играше на 13-14 натпревари откако јас сум тука, а во повеќето почна како стартер. Ми рече дека е среќен во тимот и сака да игра на највисоко ниво за тимот“, рече тој.