Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, се надева дека ќе остане во клубот по доаѓањето на Ерик тен Хаг, кој ќе започне со работа на крајот од оваа сезона. Германскиот стручњак сака да остане во клубот, но не знае што му носи иднината.
„Заинтересиран сум и се чувствувам многу добро во овој клуб по пет и пол месеци. Сè уште гледам кои опции и области треба да ги развиваме во тимот“, изјави Рангник.
Од друга страна, Германецот ја истакна важноста да не се наметнува со своето присуство на новиот тренер кој ќе го замени на кормилото на тимот. Ралф Рангник (63) го презеде англискиот тим на 3 декември 2021 година.