Манчестер Јунајтед вечерва го пречекува Атлетико Мадрид во реваншот на осминафиналето во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ важат за фаворит за пласман понатаму, откако во Мадрид одиграа нерешени 1:1.
Сепак, на сите им е јасно дека Атлетико Мадрид нема лесно да се предаде, а така размислува и предводникот на Мначестер Јунајтед, Ралф Рангник.
„На Атлетико не му пречи противникот да игра со топката. Тие имаат помалку од 50% од поседот на последните лигашки натпревари. Свесни сме за тоа и ќе биде важно први да постигнеме гол, односно да не примиме еден рано. Најдобро би било доколку успееме воопшто да не примиме гол, ама ќе размислуваме повеќе на нападот. Настапот на Кристијано Роналдо против Тотенхем беше добар, но не и одличен, а се надевам против Атлетико ќе блесне. Не само од Кристијано, сакам залагање од целиот тим. Видовме во првиот дел во Мадрид што не треба да правиме, како не треба да играме и тоа беше тема на нашите тренинзи изминатите неколку денови“, изјави Рангник.
Дуелот на „Олд Трафорд“ е на програмата вечерва во стандардниот термин од 21:00 часот.