Фудбалерите на Рома остварија значајна победа против Фиорентина со 1-0 и го задржаа курсот кон Лигата на шампионите за наредната сезона Тие сега се наоѓаат на делба на четвртото место со Јувентус и Лацио.
„Секогаш сакам максимум од моите фудбалери. Мора да бидеме задоволни од постигнатот. Сакам да кажам дека игравме против многу силен тим“ – наглaси тренерот на Римјаните, Клаудио Раниери.
„Сакавме да ги притиснеме високо бидејќи добро ја држат топката. Одигравме одличен натпревар“ – потенцираше стратегот на „римската волчица“.

