Тренерот на фудбалерите на Рома, Клаудио Раниери, најави дека на крајот на сезоната кога ќе му заврши договoрот ќе си замине од Рим.
„Дојдов во тимот бидејќи ме замоли раководството. Сакав да помогнам. Откако ќе ги одиграме завршните мечеви со Јувентус, Сасуло и Парма, ќе си заминам“ – потенцираше искусниот стратег.
Поранешниот тренер на фудбалерите на Челзи, Лестер и Фулам, беше ангажиран пред два месеца за да му помогне на тимот да се избори за евро-виза. Тој го наследи отпуштениое Еузебио ди Франческо „Римската волчица“ во моментов се наоѓа на шестото место во Серија „А“ со три бода помалку од четвртата Аталанта.
