Клаудио Раниери кој важи за еден од најискусните фудбалски стратези во светот имаше само неколку слободни денови откако го напушти кормилото на Фулам, затоа што веднаш пронајде нов ангажман и потпиша за италијанскиот гигант Рома.
Раниери по осум години се враќа во редовите на „волчицата“, а по денешната промоција изјави дека било невозможно да се одбие понудата на својот клуб.
„Среќен сум што се враќам дома. Кога Рома те бара, невозможно е да се одбие“, изјави Раниери на денешната промоција. Клаудио раниери кој е роден во Рим ќе има можност да го поправа впечатокот на оваа екипа и да избори место во Лигата на шапионите.
67-годишниот стратег на клупата на Рома ќе го замени Еузебио Ди Франческо, кој по елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите спогодбено го раскина договорот со клубот. Раниери по втор пат ќе ја води Рома, откако претходно беше на чело на оваа екипа во перидот од 2009 до 2011 година.