Тренерот на Ватфорд, Клаудио Раниери е пред отказ, објави „The Telegraph“. Според изворот, Италијанецот ќе добие отказ кога клубот ќе најде замена за него. Ова може да се случи следната недела.
Ватфорд сакаат да побараат тренер кој ќе дојде на местото на Раниери и ќе биде слободен во својата работа. Раководството на клубот се надева дека брзо ќе најде нов тренер за да има повеќе време да се подготви за следниот премиерлигашки натпревар против Барнли кој ќе се одигра на 5 февруари. Поразот на Ватфорд во натпреварот од 23. коло на англиската Премиер лига со Норвич ја најави оваа одлука на клубот за да се разделат од 70-годишниот тренер.
Раниери го презеде Ватфорд на 4 октомври 2021 година. За тоа време, тимот успеа да одигра 14 натпревари во сите натпрварувања, на кои претрпе 11 порази, две победи и еднаш одигра нерешено.