Фудбалскиот состав Ватфорд успеал да го ангажира италијанскиот стратег, Клаудио Раниери, најавија денеска медиумите на Островот.
Иако англискиот тим не ја потврди информацијата, се претпоставува дека Раниери ќе добие договор за најмалку две сезони. Ќе потсетиме дека трофејниот тренер во сезоната 2015/16, успеа на Лестер да му ја донесе историската титула во Премиер-лигата.
Ватфорд во моментов се наоѓа на 15-то место на табелата со 2 победи 1 реми и четири порази.