Фудбалерот, Андреа Ранокија, кој настапува во одбраната на Интер бил информиран од директорите на клубот дека нема да добие продолжување на договорот за уште една сезона, пренесува – денеска „Calciomercato.com“.
Тоа значи дека ветеранот ќе мора да ги напушти „нероаѕурите“ во текот на летото како слободен играч и да си побара нов клуб.
34-годишниот Ранокија во дресот на италијанскиот тим има одиграно 225 натпревари и постигнато 14 голови.