Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за трката за ГН на Канада во Светскиот шампионат во Формула 1.
Расел беше најбрз во квалификациите постигна време од 1:12.000 минути, идентично време како и актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул, но пол-позицијата му припадна на Расел, бидејќи прв го постави најбрзото време.
Од вториот стартен ред ќе тргнат двата болида на Мекларен со Ландо Норис и Оскар Пјастри. Петтото место го освои Даниел Рикиардо, шести беше Фернандо Алонсо, додека Луис Хамилтон ќе стартува од седмата позиција. До десеттата позиција се и Јуки Цунода, Ленс Строл и Алекс Албон.
Стартот на трката за големата награда на Канада е закажана за вечерва во 20:00 часот.

