Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, и официјално е одликуван со Орден на Британската империја. 22-годишниот голгетер на „ѓаволите“ ја заслужи честа со своето лобирање, што доведе до одлука на британската влада да дистрибуира бесплатна храна за децата кои имаат потреба од неа за време на пандемијата. Минатиот месец, англискиот репрезентативец доби награда од Здружението на професионални фудбалери за истата активност.
„За мене е неверојатна чест која ја прифаќам со понизност. Како млад црнец од Витеншоу, никогаш не помислував дека ќе добијам Орден на Британската империја, а камоли на 22-годишна возраст. Ова е многу посебен момент за мене и за моето семејство, а особено за мајка ми, која е вистински заслужна за овој поредок. Борбата за заштита на нашите најранливи деца сè уште е далеку од завршена“, напиша Рашфорд.

