Маркус Рашфорд кој го пропушти дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, е под знак прашалник за настап и на големото дерби со Ливерпул утре во Премиерлигата. Напаѓачот на Манчестер Ј. има вирус типичен за зимските месеци од годината и не се чувствува добро.
Сè уште не е јасно дали Рашфорд ќе биде подготвен за да започне барем од клупата против „црвените“. Ерик тен Хаг денеска ќе ги извади своите играчи на последен тренинг пред мечот со лидерот во Премиер лигата, а тогаш ќе стане јасно во каква состојба е и Рашфорд.

